Новаковски ќе ја предводи работната група за изборни реформи

by Fokus

Формирана е работна група за реформи во изборното законодавство која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР а паралелно ќе работи и на нов Изборен законик.

Во процесот ќе бидат вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, министерства и надлежни органи за спроведување на изборниот процес.

Претседател на работната група ќе биде Александар Новаковски, експерт и поранешен претседател на ДИК, соопшти Министерството за правда.

Поврзани новости