Тенисерот број еден во светот, Новак Ѓоковиќ денеска собори уште еден рекорд, бидејќи по победата против Лоренцо Музети во третото коло на Монте Карло стигна до првото место по процент на освоени мечеви на турнирите од серијата Мастерс.
Од почетокот на турнирите од серијата 1.000 во 1990 година, Ѓоковиќ одиграл 489 натпревари и победил 402 пати, со стапка на успех од 82,2 отсто.
Денешната победа му овозможи да го надмине Рафаел Надал, кој има учинок од 406 победи и 88 порази на Мастерсот, што значи дека победил во 82,1 отсто од своите мечеви.
На третото место е Роџер Федерер со 77,91 отсто победи, а по него следуваат Андре Агаси со 74,11, Пит Сампрас со 73,08, Стефан Едберг со 72, Енди Мареј со 69,51, Томас Мастер со 69,18 и Енди Родик со 69,16 отсто победи.