Ковачевски: Пендаровски води позитивна кампања, ја дели истата визија како СДСМ

by Fokus

„Пендаровски води позитивна кампања, ја дели истата визија како СДСМ вие гледате кога ќе ги видите моите говори и неговите во делот на стратешките на државата нема никаква разлика, тоа е членство на Македонија во Европската унија, продолжување на реформите во сите области кој што ги загрижуваат и кој што се за интерес на граѓаните, во делот на владењето на правото, во делот на борбата против корупцијата, во делот на економијата, држава која што треба да има поголем стандард“.

Ова го одговори денеска на новинарско прашање претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Видов една изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека Пендаровски можел да има со него тв соочување ама кога ќе станал претседател на СДСМ, но многу полесно се станува претседател на ВМРО-ДПМНЕ со делегати пишани по список, рече Ковачевски.

– За да станете претседател на СДСМ треба да одите на гласање непосредно од страна на сите членови и јас сум избран со над 40 000 гласов. Додека во ВМРО-ДПМНЕ можете да станете претседател во сала во Фолк Фест Валандово, со 400 делегати, ќе ви ги пишат во список, така да таму веројатно многу полесно се станува претседател на партија, рече Ковачевски.

„Исто така слушнав една изјава која што се однесува на тоа дека некои мои партиски другари кои што се спремале да ме заменат овде и тоа сакам да го прокоментирам бидејќи е дел од јавниот дискурс и политичка дискурсија“, доде тој.

„Прво, тие кои што ги споменува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, од мене веќе изгубиле на изборите во СДСМ со над 35.000 гласови и затоа што ќе се случува во СДСМ после било кој конгрес кој што се редовни согласно статут тоа одлучува членовите на партијата на непосредни гласови како што го нема ниту една друга политичка партија“, рече Ковачевски.

„Она што јас можам да ви го кажам како наша политичка прогноза и реална прогноза според истражувањето на јавното мислење не она што го гледаме, веќе цела држава знае како се прави на Националниот сервис, е победа на претседателот Пендаровски во вториот круг на претседателските избори и победа на коалицијата за европска иднина, формирање на нова проевропска влада на Македонија по парламентарните избори на 8-ми мај“, потенцираше тој.

Поврзани новости