Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати по забраната за влез во САД и веднаш го освои Њујорк, освојувајќи ја 24. Грен слем титула. Негов достоен ривал во финалето беше Данил Медведев. Фантастичниот Русин маестрално се бореше на преполниот и гласен стадион „Артур Еш“, но тоа не беше доволно барем за еден сет – 6:4, 7:6, 6:3.
Jubilation in the box for Novak! pic.twitter.com/BsjN7kekFL
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2023
Едноставно, кога Ѓоковиќ игра најдобар тенис, тој е непобедлив. Во исто време, Новак стана најстариот победник на УС Опен во неговата долга историја, што само покажува каков шампион е тој.
А факт е дека нема да застане и ќе продолжи да поместува граници и да руши рекорди.
На Ѓоковиќ му недостасува уште еден трофеј на Ролан Гарос за да стане првиот со четири Грен слем титули. Моментално е единствениот со три.
Breaking down 24 titles. 😳 pic.twitter.com/gQmoNl5mCw
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2023
Првиот трофеј во Њујорк го освои во 2011 година, потоа беше најдобар во 2015 година, па во 2018. Во меѓувреме загуби неколку финалиња, но не се предаде и на крајот се врати на тронот на 37 години.
И не само тоа, Ѓоковиќ се израмни со Маргарет Корт, која освои и 24 Грен слем трофеи и сега има можност да го собори и тој рекорд.
Од денеска повторно е „број 1“ на АТП-листата, а во пресметката води против Медведев со 10:5.