Нова варијанта на Ковид-19 се шири во Велика Британија

by Fokus

Новата варијанта на корона вирус идентификувана во Велика Британија може побрзо да се шири и во моментов се испитува дали предизвикува поголема стапка на смртност, соопштија денеска британските власти.

– Како што беше објавено во понеделникот, Институтот за јавно здравје на Велика Британија идентификуваше нова варијанта на Ковид-19 преку проучување на геномот на вирусот и во моментов работи на детални студии за карактеристиките на новата варијанта, изјави денеска шефот на Државната здравствена служба Крис Вити.

Тој додаде дека врз основа на сите достапни податоци од досегашниот тек на испитување на вирусот, владината советодавна медицинска група (NERVTAG) верува дека новиот сој „може да се шири побрзо“.

Поврзани новости