НОВА ТВ: Чавков не е разрешен од Оперативниот штаб

by fokus

НОВА ТВ од МВР побара одговор дали директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, е разрешен од Оперативниот штаб. Од таму добиле кус одговор дека Чавков се уште е дел од него.

Министерот Агим Нухиу во петокот најави дека ќе побара разрешување на Чавков, бидејќи според него, тој бил најодговорен за насилните протести и дозволил граѓаните и тепачите да влезат во Собранието, одбивајќи веднаш да реагира за да ја спречи толпата.

Од МВР не откриваат кој сега раководи со Оперативниот штаб. Дали е тоа министерот лично или некој друг директор или началник во МВР.

Поврзани новости