Претставниците на четирите најголеми политички партии, потписнички на договорот од Пржино попладне ќе одржат нова средба во Пржино.
Тие ќе разговараат за прашања поврзани со избирачкиот список и за реформите во медиумите.
Се очекува на средбата да присуствуваат амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли.
Помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд вчера изјави дека од Скопје си заминува охрабрена дека има волја и дека брзо Македонија ќе излезе од политичката криза.
Се очекува нов нацрт договор кој ќе предвиди исполнување на условите за фер и демократкис избори и прецизирање датум за избори. Според партиски извори договорот треба да се постигне месецов, а во август да се направи евалуација на исплнувањето на условите за фер избори, кои би се одржале во ноември. Досега има мал напредок за медиумите и списокот со гласачи.
Се очекува да се разговара и за новите насоки што наводно ги дала Нуланд, односно формирање специјално судско одделение и специјален оддел во Министерството за внатрешни работи за случаите Специјалното јавно обвинителство.