САД не бара од Србија да изберe меѓу Москва и Вашингтон

by fokus 11:17
11:17

Помошник-државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот,  Викторија Нуланд ја продолжи посетата на Балканот. Денеска е во Србија.

– Имаме разбирање дека Србија има долгогодишна соработка со Русија и нејзините врски со Русија се силни. Не гледам ништо противречно во тоа Србија да има добри односи и со Русија и со САД. изјави Нуланд на заедничката прес-конференција со српскиот премиер Александар Вучиќ, одржана по нивната средба.

Како што јави ТАСС, Нуланд нагласи дека САД никогаш не ни помислиле да бараат од своите партнери и сојузници да избираат страна.

 

Вчера Виктроија Нуланд беше во посета на Македонија каде порача дека владдењето на правото е еден од клучните услови за целосна имплементација на Пржинскиот договор. Рече дека е охрабрена од разговорите со политичките партии.

Поврзани новости