Нова средба на македонско-бугарската комисија, ќе се расправа за заедничките историски настани и личности

by Фокус

Денеска и утре во Скопје ќе се оддржи четвртата средба на Заедничката мултидисциплинарна комисија на Македонија и Бугарија за историски и образовни прашања.

Како што инфомираат од Комисијата, на средбата е предвидено да продолжат дискусиите по точките од минатата средба кои се однесуваат на одбележување на јубилеи поврзани со потенцијални историски личности и настани кои би претставувале мост на поврзување помеѓу народите на двете држави.

Истовремено, на средбата во Скопје треба да се продолжи со дискусијата по забелешките за учебниците по историја во насока на надминување на спорните историографски толкувања на минатото.

Поврзани новости