Во срцето на Москва, во најскапиот руски ресторан со француски шмек, кујната е место каде се доживуваат сите драматични моменти. Од таму директно на телевизискиот екран, од вечерва ТВ 24 ви ја доловува целата атмосфера. Серијата „Кујна“ е забавна и привлечна, ги разоткрива сите комични и драматични мигови, кои ги доживуваат готвачите и персоналот на овој ресторан.
Руската серија „Кујна“, од денес премиерно започнува да се прикажува на телевизија 24. Станува збор за најскапиот ситком во историјата на руската кинематографија и во Европа.
Серијата е динамична и комична, а има шест сезони. Досега „Кујна“ постигна одличен рејтинг. Ја погледнаа милиони луѓе. За неа веќе расправаа гледачите во Русија, Србија, Грција, Хрватска, Естонија, Португалија. Актерите по серијата, станаа многу популарни и барани.
Вниманието во серија е фокусирано на неколку лика. Заплетот го следи главниот лик Макс Лавров кој сонува да стане големо кулинарско име. Почнува да работи во најскапиот руски ресторан кај исклучително талентираниот главен готвач Виктор кој ќе се постави како „сол во кафе“ во однос на Макс. Макс е снаодлив и шармантен, готвач почетник, кој плени многу женски срца. Постариот главен готвач Виктор е ексентричен ал
Ова е серија која ветува добра забава што произлегува од непредвидливите комични ситуации. Секако, каде има добра храна таму има и многу љубов. Проверете сами, секој работен ден од 17:45 на телевизија 24.