Наставничкиот пленум ќе формира синдикат

by fokus 11:49
11:49

Наставничкиот пленум, основан за време на средношколските и студентските протести против измените во законите за образование, ќе основа посебен синдикат. Група членови на Наставнички пленум вчера одржале иницијативен одбор и биле формирани работни групи кои ќе ја изготват потребната документација за регистрирање на синдикатот на Наставнички пленум во регистарот на Министерството за труд и социјална политика.

– Идејата за синдикат кој ќе негува транспарентност во финансиите и донесувањето одлуки, но и таков што ќе ја задржи пленумската практика на директна демократија, подолго време созреваше во пленумот – соопшти Наставничкиот пленум.

- Advertisements -

Од таму потсетуваат дека се неформална група која од почетокот на 2015 година се бори за подобро образование во Република Македонија.

Формирани биле четири работни групи: за изработка на статут на СНП, за изработка на предлог-програма за работа на СНП, за изработка на финански план и за преговори и регистрација.

Поврзани новости