Нова рунда преговори: ЕУ ги постави условите

by Фокус

Четирите политички партии продолжуваат со преговори со меѓународната заедница. И специјалниот германски посредник , Јоханес Хајндл, утре доаѓа во Скопје.

За сега, извори кои се вклучени во преговорите , за Телма велат дека на маса биле поставени три барања: Поништување на аболицијата, одлагање на изборите, а Уставниот суд да се прогласи за ненадлежен за работата на специјалното јавно обвителство.

Во однос на поништувањето на аболицијата, според извори на телевизијата, ставот на ВМРО ДПМНЕ,  бил дека нема начин како  тоа се реализира без протоа да се прекрши уставот.

Во услови на ваква политичка ситуација Берлин испраќа специјален посредник во земјата. Хајндл, кој е актуелен германски амбасадор во Австрија, во Скопје ќе престојува два дена и ќе има средби со партиите потписнички на Договорот од Пржино, како и со амбасадорот на САД и другите амбасадори на земји-членки на ЕУ.

Доаѓањето на Хајндл го поздрави и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, кој оцени дека се работи за „позитивен сигнал” од Берлин. 

 

Поврзани новости