Општина Кичево доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води, со што трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.Пречистителната станицакојае сместена во близина на Кичевое со инсталиран капацитет за 48.000 жители. Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат.
На означувањето на почетокот на работата на станицата за третман на отпадни води во Кичево, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресориКочо Анѓушев истакна:
„Секогаш е добро кога нешто се прави соодветно на ЕУ стандардите, а ЕУ не носи само желба за Македонија да биде дел од тоа семејство, туку со себе носи и стандарди за квалитетот на животот граѓаните, на индустријата и на секојдневието. Со оваа донација од Европската унија и нејзините граѓани, ние имаме уште поголема обврска да достигнеме повисоки стандарди, критериуми и квалитет на живот на нашите граѓани. Проектот значи голем исчекор во заштита на животната средина во регионот и со примена на ова иновативно решение стандардите на европскиот живот се пренесени тука“, изјави вицепремиерот. Македонија за да биде комплетно покриенa со пречистителни станици, треба да бидат направенивкупно 87.Oва е 16 успешен проект во рамките на ИПА.
Проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Кичево е финансиранод Европската Унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), од делот зарегионален развој – компонентатри.Вкупната вредност на Пречистителната станица за отпадни води во Кичево изнесува 8,3 милиони евра. На отворањето обраќање имаше шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар.
„Овој проект е дел од активностите финансирани од ЕУ за унапредување на инфраструктурата која овозможува заштита на животната средина согласно стандардите на ЕУ преку изградба на пречистителни станици за отпадни води. Паралелно со инвестициите во инфраструктурата, ЕУ исто така работи заедно со државата на реформи во секторот води, со цел да се обезбедат одржливи услуги за водоснабдување на сите граѓани“, истакна амбасадорот Жбогар.
Реализацијата на проектот е во соработка со Секторот за ЕУ при Министерството за животна средина и просторно планирање и Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии. Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки,го потенцираше значењето на проектот за заштита на животната средина и воедно најави дека успешната реализација на овој проект е предуслов за реализирање на уште поголем проект за општина Кичево во рамките на ИПА 2 кој предвидува рехабилитација и изградба на нова канализациона мрежа во должина од приближно 100 километри.
Пречистителната станица во Кичево ќе биде од огромно значење за жителите од овој крај како и за подобрувањето на квалитетот на животот.
„Работиме посветено на решавање на отворените прашања во општината, се цел да ги подобриме состојбите и да го поттикнеме локалниот економски развој. Во овој процес заштитата на животната средина е од големо значање, па оттука поддршката од централната власт и особено од ЕУ е од огромно значење, на што сме многу благодарни“, истакна Фатмир Дехари, градоначалник на Општина Кичево.
Изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Кичево ја реализираше компанијатаWTE Group, која е во сопственост на ЕВН Групацијата.WTE Group еводечка компанија за снабдување со вода и третман на отпадни води на пазарот во ЕУ, присутна во 18 европски земји со проекти од оваа област.
„Огромно задоволство за нас претставува можноста да работиме на изградба на Пречистителна станица за отпадни води, бидејќи третманот на водите денес станува едно од најважните прашања. Горди сме што како лидери во Европа во овој сегмент имавме можност да го пренесеме нашето знаење и искуство. Овој објект е изграден по највисоките стандарди и искрено се надеваме дека ќе имаме можност и понатаму да соработуваме“, истакна Вернер Казагранде, член на Извршниот одбор на WTEGroup.
Пречистителната станица во Кичево е изградена за помалку од две години и е втора што е пуштена во употреба во рамки на проектот. Првата пречистителна станица беше пуштена во употреба кон крајот на минатата година, а лоцирана е во с. Сачево, Струмица. Се очекува наскоро да биде пуштена во употреба и третата пречистителна станица која се наоѓа во Радовиш. Вкупната вредност на овие објекти изнесува 21 милион евра.