Нова порака на Мицкоски до Шилегов: Или книга не сте фатиле или рацете ви се во медот

by Фокус
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја продолжи препирката со скопскиот градоначалник Петре Шилегов околу пожарникарските скали што Град Скопје ги набави за 1,7 милиони евра. Мицкоски обвини дека овие скали се преплатени, посочувајќи дека Загреб ги купил за 800.000 евра, по што Шилегов возврати дека скалите што тој ги набавил имале дополнителна опрема. Во последната реакција, Мицкоски вели:
„Господине Петре Шилегов, јас како доктор по технички науки и професор на МФС не би Ви пишал позитивна оценка за овој испит (транспортни машини и уреди), затоа што или книга не сте фатиле или ептен рацете Ви се во медот. Како човек ќе Ви порачам, држете се до занаетот како адвокат, ќе Ви треба од ноември па натаму да го докажете пред друга институција ова што невешто го пишувате…“
Чудно е, додаде Мицкоски, како дополнителната опрема чини отприлика колку што е делот за фирмата во која косопственик е зетот на секретарот на Град Скопје.

Поврзани новости