Властите на Крим наредија отпочнување на воена обука на деца. Според руските медиуми, станува збор за основна воена подготовка.
Крим беше една од појдовните точки на руската инвазија, а полуостровот е под руска окупација од 2014 година, кога беше незаконски анектиран од рускиот претседател Владимир Путин.
Министерството за одбрана на Русија на 1-ви април ќе започне нова кампања за регрутирање, со цел потпишување договори со 400.000 професионални војници, јавува Радио Слободна Европа.
Медиумите информираат и дека жителите на руската област Воронеж почнале да добиваат покани за воени канцеларии, како што тоа го направија во септември минатата година по таканаречената делумна мобилизација.
Локалните власти пак тврдат дека жителите се повикани во канцелариите за регрутирање само за да ги ажурираат информациите за нивната воена регистрација.
На крајот на октомври минатата година, Путин и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјавија дека мобилизацијата е завршена, но указот за „делумна мобилизација“ остана на сила.