Нова лидерска на 29 јуни, денеска сите молчат

by Фокус

По околу еден час заврши лидерската средба во на четворицата лидери на партиите ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Никој од лидерите не даде изјава по средбата. Се знае дека Европската Унија ќе објави соопштение зад кое стојат сите четворица лидери.

MER_2649

Лидерите на политичките партии се согласиле уште еднаш да ја потврдат нивната целосна посветеност на договорот од 2 јуни и да продолжат разговорите со негово целосно остварување. Повеќе детали не откри никој. Дали ќе има транзициска Влада и дали Груевски ќе се повлече никој не сакаше да коментира.

„Ние го поддржуваме транспарентното менаџирање од ЕУ со текстот на овој договор, како и со сите специфични препораки поврзани со системските реформи во областа на вледеење на правото кои ќе бидат проследени и спроведени во интерес на сите граѓани“, се наведува во заедничката изјава на четворицата лидери.

Според неофицијалните информации ова значи дека до 29 јуни ќе треба да се постигне договор за формирањето на влада што ќе ги организира изборите закажани за април наредната година, и во таа насока да се постигне договор за рокот за повлекување на Никола Груевски од премиерската фунција одреден период пред изборите.

MER_2622

Според учесници на преговорите на средбата немало ништо конкретно освен дека 29-ти јуни е последен ден за преговори, освен тоа ќе се објави извештајот на Прибе во однос на 23 и 24 поглавје кои се однесуваат на судството и медиумите а во кој строго се критикува власта за корупција и криминал.

Неофицијално во извештајот се нотираат низа судски пресуди кои се носени под политички, а не под правен контекст, како и критики за корупција на државните функционери. Се споменува и фактот дека Петтата управа на МВР го организирала прислушувањето кое го објави опозицијата и дека отсуствува слобода на изразување.

MER_2597

Логично е да се очекува дека по објавувањето на Извештајот за Македонија кој ја скенира ситуацијата Груевски да попушти, односно да се објави кога се повлекува од премиерската позиција. Но, клучното прашање за сега останува- кој ќе одговара и како за криминалот кој се слуша на снимките- колку Груевски ќе успее да издејствува амнестија и дали овој период го користи за спас на својата кожа.

Иако беше навестено дека САД ќе се вклучат поактивно во преговорите, сепак е неизвесно дали на домашен терен ќе се постигне некаков договор. Беше споменато името на Викторија Нуланд, но таа по се изгледа ќе се појави на готов терен- кога лидерите ќе имаат договорено динамика и начин како да се надмине кризата.

Поврзани новости