Никос Коѕиас во среда доаѓа во Македонија

by Фокус

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас во среда ќе допатува во Скопје за да се сретне со македонскиот политички врв, пренесува Мета. Тема на средбите ќе бидат мерките за градење доверба, дискусијата за сите билатерални прашања, разговори околу спорот за името и засилување на економската соработка.

При неодамнешната средба на шефот на грчката дипломатија и македонскиот вицепремиер за евроинтеграции, Фатмир Бесими, Коѕиас истакна дека се надева договорите околу мерките за градење доверба да финишираат и во Скопје да бидат целосно обелоденети. Мерките ќе се однесуваат на подобра економска, техничка и културна соработка, како отворање нов граничен премин, договор за воспоставување железничка врска со Битола, договор за избегнување на двојното оданочување, поголема културна и образовна соработка.

Поврзани новости