Нова група Авганистанци пристигна во земјава

by Фокус

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска пристигна група од 67 граѓани на Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства, информираа од Владата.

„Продолжувајќи ја својата активна улога на солидарна земја, Северна Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население кое е во опасност од талибанските власти“, велат од Илинденска.

По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународните организации. Во моментов, во земјава престојуваат 579 авганистански граѓани.

Поврзани новости