Годинава можни се измени или сосема нов Избoрен законик

by Фокус

Редно време е да се отвори дијалогот и оваа година може да се донесат измени или сосема нов Изборен законик, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, откако неколку пратеници од „помалите“ владејачки партии побараа итна измена на Изборниот законик, со што пратеници би се бирале во една изборна единица.

-Изборниот законик не е тема на која можеме лесно со еден потег или какви било условувања да најдеме решенија. Мислам дека Владата е подготвена за дијалог, сите партии се подготвени за дијалог и јас ги ценам аргументите и на Демократскиот сојуз и на сите партии кои ја поддржале таа иницијатива. Сум разговарал со нив и досега повеќе пати, се надевам дека и наредниот министер ќе има можност да ги слушне аргументите и да ги дискутираме во Влада – рече Маричиќ.

Тој додаде дека ако има добра волја може се да се постигне, меѓутоа, според него, потребно е гласање на изборниот закон со консензус затоа што досега добрата практика укажувала на тоа дека тој закон се носи со согласност на сите партии, особено на четирите поголеми партии кои имаат членови во ДИК.

(ФОТО) Пратеници бараат итна пленарна седница за Македонија да стане една изборна единица

Поврзани новости