745
Бидејќи на почетокот на годината, тогашниот дополнителен министер за финансии Кире Наумов стави вето врз задолжувањето од 500 милиони евра- државата позајмила помалку пари од планираното, па сега тоа ќе го надомести со нова еврообврзница.
Ова го потврди денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, но одби да каже за колкава сума станува збор.
Експремиерот само рече дека при ланското задолжување, СДСМ ја блокирала еврообврзницата од 500 милиони евра.
Со оглед на тоа што тогаш владата позајми 270 милиони евра, според очекувањата сега задолжувањето би изнесувало 230 милиони евра.