Груевски најави изградба на фитнес центри на отворено

by fokus

Во 18 градови ширум Македонија ќе се градат фитнес зони, најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во моментов нема никаква функција во Владата.

-Проектот за фитнес зони за млади ќе почне да се реализира предвреме од она што го ветивме. Кога јас го најавив пред неколку месеци, тој беше дел од пакетот за 40 нови проекти за младите луѓе и требаше да почне да се реализира во септември, но, информиран сум дека неговата реализација ќе започне предвреме, односно на крајот на јуни. Така што, во тој период на неколку локации во Македонија ќе започне реализација на изградбата на фитнес зони на отворено, рече поранешниот премиер.

Тој додаде дека тоа ќе биде еден вид теретана на отворено и место каде што ќе може многу млади, па и повозрасни луѓе, да рекреираат на најсовремени фитнес апарати со најсовремена фитнес опрема.

 

 

Поврзани новости