436
Нова Демократија, конзервативна партија на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, е водство, покажуваат излезните анкети по денешните парламентарни избори во Грција. Но, малку веројатно е дека ќе освои доволно мандати во парламентот за самата да формира влада, пренесува „Асошиејтед прес“
Избирачките места во Грција беа затворени во 19 часот по локално време, односно во 18 часот по средноевропско време. Доколку официјалните резултати бидат во рамки со излезните анкети, Мицотакис ќе мора да формира коалиција за да има мнозинство во грчкиот парламент. Доколку коалиционите разговори пропаднат, наредните избори би можеле да се одржат кон крајот на јуни или почетокот на јули.