Нова 24: Кичеец побарал Иванова да не ја продава Диамед, утредента била покрената истрага

by Фокус 14:03
14:03

Зоран Милески – Кичеец и се јавил на на поранешната сопственичка на Диамед, Вера Иванова, за да ја уценува да не ја продава фирмата на актуелниот сопственик – шведски Диаверум, пренесувајќи и порака дека во спротивно ќе следи истрага против неа, објави словенечката телевизија „Нова 24“. 

„Само ден подоцна, на 26 октомври, обвинителката Вилма Рускоска најавила дека нејзиното обвинителство ја истражува работата на фирмата Диамед. Две недели подоцна следува поголем шок. Обвинителството ги замрзнува средствата на сопственичката на Диамед, 11 милиони евра, стекнати од продажбата на фирмата на шведскиот стратешки партнер“, се наведува во текстот на „Нова 24“, во кој стои дека Иванова била уценувана или да отстапи половина од фирмата или да плати три милиони евра.

- Advertisements -

Инаку, овој медиум е основан од членови и поддржувачи на словенечката демократска партија на Јанез Јанша и претставува дел од медиумски конглометар што застапува и промовира десничарски политики. Набргу по основањето во 2015 година, „Нова 24“ почнува да се соочува со финансики проблеми, па дел од удделите ги купуваат унгарски компании поврзани со Виктор Орбан. За потсетување, унгарски капитал влезе и во дел од македонските медиуми, што се случи по политичките промени, а пред поранешниот македонски премиер Никола Груевски да побегне и да добие азил во Будимпешта.

Поврзани новости