Нов земјотрес во Турција

by Fokus

Како што пренесуваат турските медиуми, Турција денеска по вторпат ја погоди нов силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала, кај Малатија.

Засега нема детални информации дали има причинето материјална штета и каде е точно епицентарот на земјотресот.

Од разорниот земјотрес кој се случи во понеделникот, во Турција и Сирија загинале 33.179 лица.

 

 

Поврзани новости