832
Нов земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер е почувствуван попладнево во 15:25 часот во Македонија и Албанија.
Според меѓународните сеизмолошки опсерватории епицентарот на земјотресот е на 19 километри од Гостивар на дабочина од 10 километри.
Утрово земјотрес со јачина од пет степени беше почувствуван во цела западна Македонија, а после следуваа послаби земјотреси. Попладневниов земјотрес е најсилен по серијата помали земјотреси.