Први во светот Новата 2021 година ја дочекаа жителите на островите Самоа и Кирибати, кои се најистурени временски зони.
Самоа и Кирибати се затворени за туристи, а на полноќ немаше ни огномет, со оглед што постои голема загриженост поради растот на нивото на морето предизвикано од климатските промени.
Следни што ја испратија 2020 година беа жителите на Нов Зеланд, кои го направија тоа со традиционалниот огномет, кој како и претходно беше највпечатлив во Оукленд. Нов Зеланд слави на вообичаениот начин, бидејќи земјата се справи со коронавирусот, па луѓето се поопшуштени и имаат дозвола од властите да се групираат.
Новата 2021 година пристигна и во поголемиот дел на Австралија, а најголемиот дел од граѓаните ја дочекаа во своите домови, пиејќи коктели, гледајќи телевизија или играјќи видео игри, наведува Сиднеј морнинг хералд. Весникот посочи дека бил организиран и помал огномет.
Новата година беше прославена во Сиднеј, Мелбурн, Канбера, додека во Квинсленд и северните делови на Австралија ќе дојде половина час или еден час подоцна.