Таткото на Борис Џонсон аплицираше за француски пасош

by fokus 16:36
16:36

Таткото на британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека е во процес на аплицирање за француско државјанство и пасош за да ги одржи своите врски со Европската унија по Брегзит.

Стенли Џонсон, поранешен член на Европскиот парламент, кој гласаше на британскиот референдум во 2016 година за останување во Европската унија, за радиото РТЛ изјави дека сака да стане француски државјанин поради силните семејни врски со Франција.

- Advertisements -

– Ако добро разбирам, јас сум Французин. Мајка ми е родена во Франција, нејзината мајка е вистинска Французинка, како и нејзиниот дедо. Така, за мене, тоа е враќање на она што веќе го имав. И тоа многу ме радува, рече 80-годишниот Џонсон, кој зборуваше на француски јазик.

– Јас секогаш ќе бидам Европеец, тоа е сигурно. Никој не може да им каже на Британците: вие не сте Европејци. Важно е да се има врска со Европската унија, додаде тој.

Неговиот син Борис беше јавното лице на кампањата за излегување од ЕУ на референдумот во 2016 година и тврди дека Велика Британија може да „направи значителен напредок“ како целосно независна нација надвор од , според него, премногу бирократската Европска унија.

Велика Британија официјално ја напушта Унијата вечерва, на полноќ.

Поврзани новости