788
Денес Министерството за здравство објави дека е регистриран нов случај на корона вирус во Неготино, но според информации од Центар за јавно здравје Кавадарци, се работи за лице од Демир Капија.
-Маж на возраст од 46 години е новиот позитивен случај. Лицето е вработено во Граничната полиција, од каде потекнуваат и неколку други случаи изминатиот период во регионот, а кои биле во контакт со нивни колега кој е позитивен на вирусот – информираат од центарот.
Додаваат дека демиркапиецот моментално е дома, во изолација, се утврдува со колку лица бил во близок контакт изминатиот период, по што ќе им бидат издадени Решенија за изолација.
Вики Клинчарова