Нов протест за случајот Онкологија – граѓаните не им веруваат на институциите

by fokus

Во организација на платформата „Одговорност“ денеска повторно се одржа протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија.

Дел од присутните истакнаа дека не веруваат во институциите.

Манев Славољуб изјави дека не верува оти новоформираната собраниска Комисија ќе го реши случајот.

-Од тоа нема ништо да биде, не верувам во тие приказни, затоа што јас еве на десното око воопшто не гледам, заради обично перде ме оперираа во „8 Септември“, се формира комисија, докторот дојде ја призна вината пред суд, а комисијата рече нема грешка за да не одговара кривично. Исто така, и лекарската комора го чуваше предметот четири години за да застари делото, така да и со оваа комисија сега јас не верувам дека нешто ќе се случи, ова е страшно. Помладите нека си наоѓаат некое чаре, моето поминало, туку за нив што ќе биде, истакна Манев Славољуб.

Ајаноски Ташко посочи се осврна на се помалата заинтересирност за протестот, истакна дека луѓетo не излегуваат на протести затоа што не веруваат во институциите.

-За тие граѓани кои не ги интерерсира политика сакам да им порачам едно, само да ги потсетам дека квалитетното здравство, воздухот што го дишеме, стандардот што се повеќе и повеќе ни се снижува, се е до политичката волја на елитите, порача друг протестант.

МИА

Поврзани новости