Хамас се заканува: Ќе ги убиеме затворениците, еден по еден

by fokus

Бригадите Касам на Хамас се заканија дека ќе ги погубат израелските затвореници доколку Израел продолжи да бомбардира и убива цивили во Газа.

-Секое таргетирање на невини цивили без предупредување, за жал, ќе биде придружено со егзекуција на еден од затворениците во нашиот притвор, а ние ќе бидеме принудени да го емитуваме тоа, рече Абу Обеида, портпарол на бригадите Касам на Хамас.

-Жалиме за оваа одлука, но сметаме дека непријателот Израел и нивното раководство се одговорни за ова, рече тој, според Ал Џезира.

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен рече дека властите на неговата земја веруваат дека Хамас заробил повеќе од 100 луѓе и ги однел во Газа.

По објавата дека бригадата Ал-Касам се заканува со егзекуција на затворениците и известувањето дека Израел ќе продолжи да ја бомбардира Газа дури и по цена да ги загрози израелските заложници, нивните животи сега се во крајна опасност.

Поврзани новости