568
Повикот веќе се шири на социјалната мрежа фејсбук, а како место за собир се наведува Јаја Паша џамијата, по завршувањето на петочната молитва.
Во повикот пишува: „Да ги ослободите нашите шестмина затвореници кои ги осудивте на доживотен затвор во случајот „Монструм“. Ние веруваме дека случајот е политички и судски монтиран против Албанците во Македонија„, се наведува во повикот.
И на овие протести организаторот официјално не е познат.
Претходното незадоволство од пресудата за случајот „Монструм“ резултираше со дваесетина повредени полицајци, десетина учесници, како и искршени прозорци на неколку објекти.