Претседателот на Студентскиот парламент во Штип си префрлал пари на сопствената сметка

by Фокус

Претседателот на Студентскиот парламент при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ заработи кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Имено, тој во неколку наврати незаконски префрлил вкупно 509.071 денари од сметката на Студентскиот парламент на својата приватна сметка, како и на сметка на неговата фирма „Гомакс Уно“.

Исто така, тој во периодот од 1 јануари 2013 година до 31 мај годинава на повеќе правни лица од кои вршел разни набавки и на повеќе физички лица незаконски од сметката на Студенскиот парламент, им исплатувал средства во вкупен износ од 5.628.117 денари.

Поврзани новости