604
Специјалното јавно обвинителство утре ќе оддржи прес-конференција, на која ќе презентира нови информации од нивната работа, која се заснова на испитување на индиците за криминал од прислушуваните материјали што ги добија од СДСМ.
Засега непознато е која ќе биде темата на пресот, но некои медиуми претпоставуават дека можеби ќе биде проектот „Скопје 2014“.
Инаку, специјалните јавни обвинители и истражителите периодов често ја посетувале општина Центар, интересирајќи се за изградба на спомениците што одеа токму преку оваа општина, а ревизијата нарачана од градоначалникот Андреј Жерновски покажа дека тие се плаќале многу повеќе отколку што реално чинеле.