467
Државната изборна комисија на седница што почна во 18 часот повторно ќе се обиде да го усвои извештајот од вкрстената проверка, односно да утврди колку гласачи кои ги има во Избирачкиот список треба да бидат теренски проверени.
Усвојувањето на експертскиот извештај од вкрстената проверка, готов уште во тек на седмицава, беше одложувано поради несогласување меѓу членовите на ДИК за бројот на гласачите кои треба да бидат проверени теренски.
Во јавноста, а врз база на извештајот што протече се зборува за бројка на спорни гласачи од околу 500 илјади.