Оер: Независни медиуми за кредибилни избори

by Фокус

Независни медиуми се еден од условите за одржување на фер и кредибилни избори, порача денеска француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер.

– Медиумите треба да бидат независни, треба да биде независен и јавниот сервис кој е финансиран од граѓаните. Во тој конктекст, треба да има избалансирано претставување на опозицијата за да можат граѓаните да имаат увид во ситуацијата во предизборниот период. На седми април се очекува распуштање на Собранието и тешко е да се каже дека до тој рок може да се направи посериозна законска промена на тој план. Траба да се најде друг начин за подобрување, на пример преку невладините организации и со наше учество – изјави Оер.

Поврзани новости