77
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските сили застрелале палестински тинејџер на окупираниот Западен Брег.
Наем Абдула Самха (15) е убиен од окупациски израелски куршуми во градот Калкилија, се вели во соопштението на Министерството во Рамала.
Израелската војска не одговори веднаш на барањето на АФП за коментар.
Палестинската новинска агенција Вафа, повикувајќи се на локални извори, објави дека Самха бил застрелан во градите.
Веднаш бил пренесен во болница, но таму била констатирана смрт, објави агенцијата, додавајќи дека „нема причина за пукањето“.