Дали Ахмети ќе му го „земе“ чаирскиот огранок на Меџити?

by Фокус

Беким Незири, Ардијан Муча и Абдулселам Селами, чии имиња се споменуваат како кандидати за претседатели на огранокот на ДУИ во Чаир, немаат конкретни одговори дали ќе влезат во трката. Тие велат дека не се официјално информирани дека воопшто ќе има избори и се воздржуваат од коментар.

Алсат телефонски контактираше со поранешниот министер за економија Незири, кој рекол дека за такво нешто не бил ниту информиран ниту контактиран од партијата, а иста изјава дал и поранешниот директор на Дирекцијата за паркови и зеленило Муча.

Единствено Селами, директор на Бирото за метрологија, признава дека ќе има избори во Чаир, но, според него, шефот на огранокот ќе треба да има поддршка од првиот човек на ДУИ Али Ахмети и граѓаните на Чаир.

Деновиве во јавноста излезе информација дека на таен состанок во ДУИ биле разрешени претставниците од „огнената група“ од партиските функции. Потоа, еден од фронтмените на „огнените“ Изет Меџити за Лајм рече дека станува збор за нестатутарни одлуки.

Инаку, Меџити е поранешен градоначалник на Чаир и се уште актуелен претседател на партискиот огранок во оваа скопска општина.

Поврзани новости