Нов ДУП за Дом на градежници, нема да се гради паркинг на детско игралиште

by Фокус

Советот на Општина Центар денес го изгласа Деталниот урбанистички план Дом на градежници, со кој, во споредба со стариот ДУП, се зголемува зелената површина.

„Се работи за градска четврт која во голем дел е реализирана и голем дел од објектите се задржуваат во постојна состојба. Во споредба со стариот ДУП кој предвидува 4.043 метри квадратни парковско зеленило, новиот план има вкупно 5.889 метри квадратни парковско зеленило, со што речиси 13 проценти од површината е под парковско зеленило“, соопшти Општина Центар.

Наместо, како што стариот план предвидува, изградба на паркинг на веќе постоечко детско игралиште, од Центар посочуваат дека детското игралиште со површина од 408 метри квадратни во новиот план е зачувано, како и постојниот паркинг околу него.

Поврзани новости