Спасовски: Приведени се четири лица за случајот „Јавна соба“

by fokus

Минстерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за Канал 5 истакна дека досега се приведени четири лица, а поврзани со случајот „Јавна соба“. Еден час претходно министерот Спасовски објави дека биле приведени две лица, но и дека активно се работи на откривање на останатите членови.

-Имаме приведено четири лица, две од Битола, еден од Велес и еден од Штип, кои биле директни учесници во оваа група. Работиме заедно со обвинителството, се со цел да се обезбедат дополнителни докази. Трагаме и по други лица, имаме идентификувано и други лица, кои во народниот период ќе бидат приведени, истакна Спасовски.

Тој најави дека се бара и главата на оваа група.

-Се работи на откривање и на тој кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност, истакна Спасовски.

Поврзани новости