Нов документарец за Хју Хефнер: Канел новинари на оргии и тајно ги снимал!

by fokus

Снимен е нов документарец од десет епизоди за таткото на светски познатото списание ,,Плејбој”, Хју Хефнер, во кој се откриваат шокантни детали од неговиот живот и случувањата во неговата вила.

,,Тајните на плејбојот” е насловот на документарната серија која ќе започне со емитување на 24-ти јануари, а во неа се прикажуваат разговори со поранешните Плејбој зајачици, Холи Мадисон, Сондра Теодор и ПЈ Мастен.

Тие откриваат дека во вилата пет ноќи неделно се организирале оргии, а Хефнер во секоја соба имал камери и микрофони.

Теодор открива дека тој во една пригода повикал новинари на забавата, кои тајно ги снимал, па потоа не можеле да напишат ништо лошо за него. Зајачиците раскажуваат дека во вилата живееле од 2001 до 2008 година, и биле сведоци на развратни забави, а пак Медисон дури и размислувала да се самоубие поради начинот на живот кој го водела таму.

Инаку, Хефнер имал само 27 години кога го лансирал ,,Плејбој” во 1953 година, со актерката Мерилин Монро на насловната страница. Првото издание се продало во над 50.000 примероци, а потоа од неговиот успех тој направи империја. Почина во 2017 година на 91-годишна возраст.

Пред две години раководството на култниот „Плејбој магазин“ објави дека го прекинува печатењето на легендарното месечно списание. Одлуката, за која долго време се размислувало, била финализирана со појавата на коронавирусот, по што дополнително се намалила продажбата.

-Ќе започнеме да ги објавуваме сите наши содржини на интернет, вклучувајќи го интервјуто „Плејбој“ и, секако, нашите дупликати, а во печатено издание ќе се појавуваат само нови периодични формати, како специјални изданија, информираа тогаш од раководството.

Списанието имаше и македонско издание во 2010 година, а првата Македонка на насловната страница која го скрши мразот беше Каролина Гочева. Месечникот имаше околу 120 страници и се продаваше по цена од 250 денари, но по само неколку изданија згасна.

Вики Клинчарова

Поврзани новости