Нов бран на врнежи, па стабилизирање на времето и голем пораст на максималните температури

by fokus

До крајот на денов локално ќе има услови за слаби врнежи од дожд, на планините ќе има услови за провејување на снег. Ќе започне да дува јужен и југоисточен ветер кој на некои места ќе засилува на интензитет. Овој ветер ќе биде најава за нов поголем бран на врнежи веќе уште оваа ноќ кога од запад и југозапад ќе започнат нови врнежи од дожд, врнежите до утре претпладне ќе се прошират во поголем дел од државава и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2).

На планините ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до зголемување на веќе постоечката снежна покривка. Во текот на денот во сабота ветерот ќе го промени правецот во северен но температурите нема значително да опаѓаат, истите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Стабилизирање на времето, престанок на врнежите и повеќе сонце како и значителен пораст на максималните температури на воздухот ќе имаме од недела па во текот на следната недела. Тогаш нашата територија ќе се наоѓа под влијание на значително потопла воздушна маса од југ, сепак поради зголемената влажност во воздухот но и релативно тивкото време по одделни котлини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност. Таму каде што ќе се појави маглата и ниската облачност и температурите ќе останат нешто пониски.

На почетокот од следната недела максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 16 степени. Истите ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу десет степени, понекаде и за повеќе.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости