Нов 521 случај на корона вирус во Македонија

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.231 тестови, а регистрирани се нови 521 случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (521), регистрирани се 120 реинфекции. Регистрирани сe 485 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (78г) и Струга(48г).  Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин е  регистрирано едно починато лице од Кичево (74г) ,починато во болнички услови.Лицето е пријавено за починато на 05.08.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429, а бројот на активни случаи изнесува 3.595.

Поврзани новости