Какви последици би имала нуклеарна војна?

by Фокус

Експертите од престижниот американски универзитет „Rutgers“ објасниле со какви последици би се соочило човештвото во случај да дојде до нуклеарни напади.

Околу две третини од светот, односно речиси 5 милијарди луѓе, би можеле да починат од глад во случај на нуклеарна војна меѓу Русија и САД.

Нуклеарен судир би довел до катастрофални нарушувања во снабдувањето со храна, бидејќи поради отровниот пепел кој би ги блокирал сончевите зраци ќе овенат посевите ширум светот, напишале научниците во истражувањето објавено во “Nature Food”.

Дури и нуклеарна војна со помал обем, на пример меѓу Пакистан и Индија, би уништила резерви на храна, би го намалила глобалното производство за седум проценти во рок од пет години и би убила 2,5 милијарди луѓе.

Несигурноста во прехраната во овие случаи би била посмртоносна од нуклеарната експлозија, предвидува истражувањето.

Поврзани новости