Нотарите успешно се справуваат со извршните предмети

by Фокус

Опаѓа бројот на извршените предмети кои ги работат нотарите. Изминатата година овие предмети, кои најчесто се однесуваат на неплатени сметки за комуналии е намален за 40 илјади.

Тоа, според нотарската комора, е доказ за финансиска дисциплина и уредност во исполнување на обврските на граѓаните и фирмите. Ова беше дискутирано на тркалезна маса во Скопје на која учествуваа нотари, извршители, судии и истакнати правници.

„Во 2014-та се примени 19 илајди оставински предмети од судовите, од кои 70 отсто ги решивме во текот на годината. А против решенијата на нотарите има само 70 приговори. Значи дека квалитетот е на високониво при изготвување на ваквите решенија“ – истакна Зорица Пулејкова од Нотарската комора на РМ.

И гостите од странство позитивно ја оценуваат состојбата со нотаријатот во државата. Според нив, со оглед на економската транзиција низ која минува Македонија, нотаријатот бележи позитивни резултати.

Инаку од 2007-та наваму за пропусти во работењето има тројца правосилно осудени нотари, двајца имале условни казни, а еден парична. Поголем дел од пријавите биле поднесени од граѓани, а помалку од полицијата или обвинителството. Но од вкупно 150 поднесени, дури 125 биле отфрлени.

 

Поврзани новости