Норвешката „летечка амбуланта“ помага за евакуација на повредени во Турција

by fokus

Норвешка го испрати својот транспортен авион C-130J Hercules во Турција за да ги поддржи напорите за евакуација и транспортот на итна помош по разорните земјотреси од 6 февруари 2023 година. Првата медицинска мисија за евакуација беше спроведена завчера, евакуирајќи 28 пациенти преку аеродромот во Адана во болници во Анкара.

Испраќањето на оваа помош од Норвешка беше координирана преку Евроатлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи на НАТО (EADRCC), во тесна соработка со турските власти.

Авионот и неговиот медицински персонал помагаат да се евакуираат жртвите од погодените области во подобро опремени медицински установи во Турција и да се транспортира итна помош. Ова го намалува притисокот врз лицата кои први реагираат и агенциите за помош во најпогодените области на Турција.

Норвешката „летечка амбуланта“ работи заедно со слични авиони обезбедени од Холандија и Обединетото Кралство како одговор на барањето на Турција за меѓународна помош.

Норвешка има огромно искуство во меѓународни операции за медицинска евакуација. Во последните месеци, норвешките воени авиони со специјална опрема вршат неделни летови за медицинска евакуација за да ги пренесат жртвите од војната во Украина во болниците во Европа.

Поврзани новости