Норвешка ја забрани продажбата на алкохол во баровите и рестораните во обид да го спречи ширењето на Омикрон сојот на коронавирусот, што предизвика драстично зголемување на бројот на заразени во земјата.
Новите правила ќе ја забранат од утре продажбата на алкохол во барови, ресторани и други услужни објекти, а Норвежаните, исто така, се повикани да работат од дома доколку е можно.
– Стапката на зараза во Норвешка драстично се зголемува, а сега добивме нови сознанија за сојот Омикрон и колку брзо може да се шири. Ние сме во сериозна ситуација, изјави премиерот Јонас Гар Сторе, додавајќи дека се потребни построги мерки за да се одржи контрола врз пандемијата.
Тој истакна дека „нема сомнеж оти новата варијанта ги менува правилата“, пред да признае дека новите мерки „за многумина ќе дејствуваат како заклучување, ако не на општеството, тогаш на нивните животи и средства за живот“