493
Норвешката Влада предвидува зголемување на билатералната помош за земјите од регионот со фокус на стабилноста и поддршката за нивно членство во ЕУ и НАТО, го известил министерот за надворешни работи на Норвешка, Борге Бренде неговиот македонски колега Никола Димитров.
-Министерот Бренде го поздрави формирањето на новата Влада на Република Македонија, при што ја реафирмира силната поддршка на Кралството Норвешка за европската и евро-атлантската интеграција на Република Македонија, информираше МНР.
Во рамки на посетата, министерот Бренде беше примен и од претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, претседателот на Владата Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери.