Поранешниот дописник на МИА во Брисел, Бобан Нонковиќ, во пост објавен на порталот „Јади бурек“ се пресметува со ВМРО-ДПМНЕ чија власт до неодамна ја поддржуваше. Нонковиќ вели дека од ВМРО-ДПМНЕ му бил понуден ангажман како „полу-допсник“ од Брисел, но одбил.
Пренесуваме извадоци од објавениот пост:
Таквото тестирање на моето расположение за понатамошни директни преговори за професионален ангажман, веднаш го отфрлив ан-блок, со одговор дека Груевски и бандата околу него се сега дел од играта за распарчување на Македонија и дека било-каков ангажман со нив би значело мое учество во сценариото, вклучување во хорот што ќе ја отпее погребната песна за Македонија. И, откако одбив да лапам од паричките на Груевци за да им бидам поддршка во предавството, ете ти вчера одговор од „Белата куќа“ во центарот на Скопје. И какво разочарување! До кое дно спаднала некогаш моќната медиумска машинерија на раководството на ВМРО-ДПМНЕ!
Одговорот, очекуван, откако не прифатив понуда, беше дека ќе дојде напад, ама некогаш разгоропадените фаци од ДПМНЕ, сега скриени како глувци во длабочината на „Белата куќа“ и зад лажни ФБ-профили, ми одговорија (ме нападнаа) преку за нив, а од мене никогаш очекуван начин, да злоупотребат лице со посебни потреби!
Ах бе, очајници од и околу раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотреба на немоќно лице е казниво и според Кривичниот законик на Република Македонија, не само од Бога, ако воопшто верувате во него, освен кога како порака го гледате на доларите, покрај еврата, што ги испокрадовте од граѓаните!
Вие сте во тешка паника и не знаете кај терате и тоа го знам. Имате пари, имате многу пари украдени од граѓаните (по приципот, на пример, 4.000 денари за лепење на паркет во Влада, наместо 300 денари, па тендери, рекет и сл.), а не смеете да помислите да ги пипнете, ако за тоа не ви дозволи стопанот од американската амбасада. Сега ги нудите оти малку ви ги одмрзнаа со оглед на вашата конструктивност за разнебитување на македонизмот (заедно со бандата на Заев и Ахмети), а попушти и притисокот кон вас за затвор/притвор под Дамокловиот меч на обвиненијата на од вас избраното и изгласано Специјално обвинителство.
Јас, на било-каков, но пред се чесен начин, сум подготвен да работам и заработувам за живот, не да крадам од граѓаните и да купувам куќи на хрватско приморје, цела зграда од седум милиони евра во Антверпен (Белгија), да изградам партиска палата од штаб, да поседувам две банки во Македонија, половина стопанство и сл.
И, да, за моето формално образование сум се погрижил самиот, со скромни средства, а не како Груевски, на кого летово в лице му кажав во Брисел дека бриселските бирократи кои сакаат да го видат зад решетки ми соопштија дека тој е на докторантски студии во Монте Карло (Монте Карло, еј!), тој, зачуден дека го знам тоа, со широко отворени очи да ми каже: „Внук ми таму студираше со плаќање, а мене ректорката ми понуди бесплатна стипендија“. Абе мераци на Принцот Алберт Втори да го стипендира образованието на македонскиот екс-премиер, што да ви кажувам“.
Е, сега, да ги отвориме картите до крај. Ќе признаете ли груевци, вие негови касапски кучиња, за „бедемот“ од луѓе во подготовка на собраниските настани од 27. април? Пред се тука мислам на улогата на дел од нив со делење пари во плико и на маски-фантомки на неколку часа пред тие крвави настани, кои го направија квислингот Зоран Заев херој во очите на меѓународната јавност и политика, оти сликите со неговата крвава глава му донесоа хвалоспеви и наслови од типот: „Со крв ја одбрани македонската демократија“. Вие со една рецка на неговата глава (и ништо повеќе), значи добро организирано и оркестрирано, направивте херој од будала и непрокопсаник!
Знаеме дека имаме уште муниција да пукаме, ова е само една граната, која, искрено, не планирав да ја испукам, бидејќи сум борец-витез и не сакам да „вадам нож на умрен Германец“, ама први почнавте да мавате под појас.