Најмногу дожд во текот на денот паднал во Скопје. Од Управата за хидрометоролошки работи известуваат најголем воден талог бил забележан во главниот град, каде според податоците на дождомерната станица на Зајчев рид биле измерени 24 литри на метар квадратен.
Во Тетово наврнале 17 литри а во Охрид 15 литри на метар квадратен.
Се очекува и ноќта да биде нестабилно поради облачната маса која во земјава навлегла од западните делови. Таа ќе се прошири и во централните делови од државата а иста е прогноза за времето во Скопската котлина, како и во источните делови од Македонија. Се предвидува да има засилен ветер, пороен дожд и грмежи.Т
ака ќе биде се до раните утрински часови кога се очекува постепена стабилизација и нормализација на временските услови.