415
Граѓанската платформа „Ајде“ утре во 21 часот ќе организира протест пред Влада под мотото „Ноќ на лицето на режимот“. „Ајде“ ќе ја искористи Ноќта на вештерките за да го изрази незадоволството од политиките на оваа Влада.
-Настанот го нарековме „Ноќ на лицето на режимот“ затоа што е време да го покажеме режимот во неговата вистинска форма, а со тоа да им дадеме можност на нашите сограѓани да му ја симнат маската за сите наводни успеси, вработувања, победи и прослави. Размислете кое, според вас, е лицето на режимот. Тоа може да биде личност како носител, односно носителка на јавна функција или, пак, случка која останала врежана во вашето сеќавање како вечен потсетник на владеењето на „МВРО“ и „Дуинг бизнис“, се вели во поканата за настанот.